Култура
izlozba

Изложба на разгледници со македонска носија во Загреб

Македонски национални носии на разгледниците се изложени во галеријата „Етно Арт“ во главниот град на Хрватска, Загреб. Посетителите на оваа изложба насловена „Македонските национални носии на разгледниците 1890-1950 – македонскиот фолклор и идентитетот“, ќе имаат можност да ја погледаат колекцијата на 170 репрезентативни разгледници од збирката на д-р- Бранислав Светозаревиќ од времето на крајот на 19 век па се до средината на 20-иот век.

Изложбата  е во организација на Музејот на македонската борба и Хрватско-македонското друштво.

izlozba

Овој настан е дел од тридневната манифестација на претставување на македонската култура и гастрономија во Загреб под насловот „Три дена сонце“. Покровители на настаните се Министерството за надворешни работи на Република Хрватска и Советот на македонското национално малцинство во Загреб.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *