Култура
kultura

Откупени три драми од Конкурсот за драмски текстови

„Хенгинг Араунд“ од Љупчо Јованов, „Бегство“ од Рефет Абази и „Шест дена работи, седмиот одмарај“ од Весна Куслеска, се наградените три драмски текстови  што Министерството за култура ги одбра од пристигнатите текстови на Конкурсот за откуп на драмски текстови што беше објавен минатата година во септември. На Конкурсот пристигнале 51 драмски текст од реномирани автори и од млади писатели дебитанти. За избраните драми одлучуваше Комисија во состав: Јордан Плевнеш, (претседател), членовите,  Петар Темелковски, Синиша Евтимов и Илбер Муртези. Наградени се  „Хенгинг Араунд“ од Љупчо Јованов, доцент на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ – Скопје, „Бегство“ на актерот Рефет Абази и „Шест дена работи, седмиот одмарај“ на младата, драматург и автор на драми и сценарија, Весна Куслеска.

Овој конкурс, како и претходните предвидени во Стратегијата за развој на културата во Република Македонија за периодот 2013-2017, е спровелен во насока на збогатување на националниот фонд на дела, поттикнување на домашното творештво и афирмација на улогата на авторот,

Во Министерството за култура се разгледува можноста за вториот Конкурс за откуп на драмски текстови, кој е предвиден да се објави во септември годинава, со што ќе се зголеми бројот на откупени драмски текстови а со тоа дополнително би се стимулираме младите автори. Израните текстови на овој конкурс, ќе бидат промовирани во јуни годинава на 50. јубилејно издание на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе се публикуваат во печатено издание преку кое ќе станат достапни до сите заинтересирани театарски установи, продуценти, режисери и уметници кои понатаму би ги поставиле делата. Според претседателот на Комисијата за откуп на текстови, Јордан Плевнеш, комисијата оценувајќи ги делата се соочила со вистинска македонска драмска револуција бидејќи, во пристигнатите 51 дело откриле нови хоризонти, нова реторика, нови зборови. Комисијата е воодушевува и од фактот што Конкурсот ја достигнал и мултинационалната  компонента, бидејќи на конкурсот пристигнале текстови на повеќе јазици – на албански, турски и на ромски јазик.

Министерството ќе му предложи на Советот на Фестивалот „Војдан Чернодрински“ да  формира едно депо во кое ќе бидат ставени сите текстови од годинашниот конкурс за да можат театрите и сите што сакаат да се информираат да можат да ги откријат тие текстови.

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *