Култура
skupi

Скупи

Скупи е археолошки локалитет, оддалечен само 5 км од центарот на Скопје, на северозападна страна од градот,  лево од утоката на реката Лепенец, во непосредна близина на Злокуќани,  во подножјето на Зајчев Рид.  Наодите од минатата година, посочија дека овој древен град бил формиран многу поодамна, односно тој  се поврзува со Пајонците, што значи дека како и кумановскиот, така и скопскиот регион го населеувале Пајонци.  Пронајдениот изловен сад кој беше ископан во гроб кој датира од од 8-7 век п.н.е. го врати датумот за постанокот на градот многу поназад во историјата.

skupi

Последното откритие на археолозите на Скупи што беше откриен овој месец е статуа на женска обезглавена фигура,  артефакт кој датира од 2 век од н.е. Оваа фигура е пронајдена во положба на покриен гроб за кој се претпоставува дека е од доцната антика – 4-5 век н.е. Исто така, претпоставка е дека статуата е донесена од друг локалитет, како предмет од некој постар објект, подоцна употребена како покривен елемент на гроб вкопан на оркестрата во Скупи.  Статуата е откриена во редовното истражување кога тимот открил некропола со неколку гроба, најверојатно од 4-5 век, кога Теодосиј Втори го издигнал христијанството на ранг на главна религија во Римското Царство.

Понатамошните истражувања ќе одговорат на прашањето кои се овие христијани и дали тие настрадале во оркестрата.. Се претпоставува дека или е изработена во  скулпторска работилница во Скупи, или во познатата работилница во Стибера.

Едно од позначајните откритија на Скупи спаѓа „Срамежливата Венера„ откриена во 2008 година  и е многу ретка во светот, имено ги има само неколку.

skupi

Истражувањата на Скупи и понатаму ќе продолжат, се до 2017 година кога се очекува да биде завршена  реконструкција на театарот и гледалиштето со 10 илјади седишта и е најголем откриен театар досега кај нас. Во оваа година би требало и да биде отворен за јавноста.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *