Култура
bitola

Старото градско јадро на Битола ќе стане културно наследство од особено значење

biblioteka bitola

Предлог закон за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење беше донесен на седницата на новиот состав на Националниот совет што беше одржана вчера во Министерството за култура. Националниот совет е составен од 11 угледни членови – универзитетски професори, раководители на институциите за заштита и експерти од оваа област од ресорното министерство. Националниот совет е формиран со Законот за заштита на културното наследство како советодавно и координативно тело на Владата на Република Македонија заради следење, остварување и унапредување на заштитата и користењето на културното наследство. Со Законот за изменување и диополнување на Законот за заштита за културното наследство се додаде и нова надлежност, да може да формира и посебни одбори за недвижно, движно и нематеријално културно наследство.

Во Битола беа пуштени во употреба новите простории за читтелите во универзитетската библиотека „Климент Охридски“, со простор од 500 метри квадрастни, со 100 седишта, простор за преслушување на музички изданија, со можност за симултан превод, простор адекватен за одржување на семинари и трибини.  Библиотеката оваа година одбележува 70 години постоење, а јубилејот го прослави со нова фасада на зградата . Во согласност со проектот за обнова и конзервација на повеќе фасади со автентична стара градска архитектура, Министерството за култура најави реконструкција на уште три значајни објекти во Битола: Државното музичко училиште, Гимназијата и на безистенот.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *