Култура
arheoloski muzej

Археолошкиот музеј меѓу 15-те најдобри во Европа

Археолошкиот музеј на Македонија како  единствен од балканските земји, кој влегол во потесниот круг

Археолошкиот музеј на Македонија се вброи меѓу 15. најдобри музеи од Европа на јубилејното, 20. доделување на Европската музејска академија – „Luigi Micheletti Award“,  во Бреша, Италија, чија што кандидатура се начла  во потесниот круг.  Овој настан бил и воедно  значајна можност да се претстави нашето богато културно наследство. Како единствен од балканските земји, чија кандидатура влезе во потесниот круг, тимот на Археолошкиот музеј на чело со директорката Весела Честоева и претставникот на ЕМА за Македонија, Гордан Николов, го презентира македонското културно историско наследство сместено во новиот објект во Скопје. Археолошкиот музеј на Македонија на европската репрезентативна мапа на самиот настан во Бреша бил ставен со нашето уставно име.

„Музејот ја има за цел потврдата на националниот идентитет врз основа на собраното, третираното и презентираното наследство. Судиите од жирито имаа чувство дека овој мошне млад музеј ќе даде импакт на Балканот преку пример за модернизација“, пишувало, како што пренесоа од музејот, во образложението на жирито.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *