
Биенале на млади уметници
— 11 мај, 2015Без водечка тема, со апстракт приспособен на неговиот меѓународен карактер, на годинешното 11 издание на Биенале на млади уметници, отворено вчера во Мала станица, учествуваат 14 уметници од Македонија и седум уметници од странство. Без наметнување кураторски концепт, целта на Биеналето е да се претстави објективната слика концентрирана врз ликовната сцена на младите автори во изминатите две години. Биеналето традиционално го организира Музејот на современа уметност. Селекцијата на домашните автори е направена во соработка со професорите од Факултетот за ликовна уметност, додека младите автори од регионот се изберени во соработка со реномирани индивидуалци и сродни институции од соседните држави. Годинава на 11 Биенале на млади уметници учествуваат: Ана Ивановска, Анастасија Величковска, Амир Карахасан, Ана Јовановска, Горан Менков, Дарко Алексовски, Зорица Зафировска, Илија Прокопиев, Инес Ефремова, Иван Ивановски, Кристина Пулејкова, Кристина Божурска, Маја Кировска., Неда Фирфова. Гостите од странство се: Данило Прнјат (Србија), Лука Хрговиќ (Хрватска), Јумана Мана (Германија), Мила Паниќ (Босна и Херцеговина), Вактанг Тато Акалкатсишвили (Грузија), Снежана Бартенева (Белорусија), Зое Гиабулдаки (Грција).
Автор:
Слични статии
-
-
-
-
Што да се прави со уметноста која иритира?
8 мај, 2017
Последни статии
-
Кон Берлинскиот фестивал: Мечки на Потсдамер Плац
— 15 февруари, 2019Во Берлин нема случајности. Имало изненадувања, имало контроверзи, но случајности – не. Премногу историја, традиција и статуси се собрани на 69 изданија на Берлиналето, за фестивалот да ризикува со својот водечки рејтинг меѓу еднаквите (Венеција и Кан). Навистина, годинашнава понуда, барем во официјалната (главна ) програма, ни од далеку не понуди врвни остварувања, кои продуцентите…
-
Културата на Бети, на Роберт и на Асаф
— 14 февруари, 2019Деновиве сме сведоци на уште една бесмислена политичка дебата и ад хоминем препукувања. Овојпат тема е културата и Годишната програма на министерството за култура за финансирање на проекти од национален интерес. Културата до неодамна и во период од десет години беше на Бети, денес таа е на Асаф, а многу кратко време (не)беше на Роберт….
-
Изложба „100 години Требениште” во Археолошкиот музеј – златните маски за прв пат заедно
— 12 февруари, 2019Повеќе од 400 артефакти од некрополата во Требениште, Охрид, заедно со прочуените златни маски кои се наоѓаат во музеите во Бугарија, Србија и Македонија, од март до август за првпат заедно ќе бидат изложени на големата заедничка изложба во Археолошкиот музеј во Скопје. Изложбата се организира во чест на 100-годишнината од откривањето на некрополата во…
-
Во турската провинција Дијарбакир, пронајдена Библија, стара 12 века
— 11 февруари, 2019Библија стара 1.200 години пронајдена е во турската провинција Дијарбакир, за време на акција против организиран шверц на вредни историски наоди, објавија властите на оваа покраина. Тројца осомничени се уапсени во понеделникот, при обидот да ја продадат древната книга во градот Кајапинин, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот на Дијарбакир. Вредната Библија има вкупно…
-
Мој министре! Како еден концерт на виден уметник добива 30 илјади денари, а ист таков концерт на студент добива три пати повеќе?
— 11 февруари, 2019Два дена ја читам Програмата (за жал, со доста задолжувачко продолжение во насловот) за финансирање на проекти од национален интерес во културата, особено деловите од областите на издавачката и музичко-сценската дејност. И не разбирам. Многу нешта не разбирам, и покрај мојата скоро петдецениска работа во овие области. Не разбирам како солистички концерт на виден уметник…
-
Кој има право да ја пее „мојата” песна?
— 11 февруари, 2019Пред десеттина дена играв оро во Вашингтон. Не со други дијаспорци, туку со Американски фолклористи кои што редовно се собираат во предградието Гринбелт (каде што е и седиштето на НАСА) да учат и вежбаат традиционални игри од различни Балкански народи. Овој пат целата вечер беше посветена на македонската музика, со жива свирка на ансамбл од…
-
Култура на национална основа
— 9 февруари, 2019Годинешната програма на Министерството за култура е болна, себична и недолична. Ја доживувам како навреда на лично, но и колективно ниво за сите кои работиме, дејствуваме и учествуваме во градењето на и онака тромавиот културен идентитет на земјава. Распределбата на средства е неправедна. Сомнителни се сите новоиспилени физички и правни лица кои добиле средства, наспроти лица…
-
Објавени проектите што ги финансира Агенцијата за филм: најмногу пари доби ИФФК „Браќа Манаки“, скратени средства на „Синедејс“
— 5 февруари, 2019Агенцијата за филм ги објави резултатите од конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во филмската дејност за 2019 година. Агенцијата за филм финансира проекти за издавање на публикации од областа на филмската дејност и проекти со кои се организираат домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер. Оваа година Агенцијата за филм, располагаше со…
Напишете коментар