Култура
kreativna evropa

Инфоден за програмата Креативна Европа

Министерството за култура во соработка со канцеларијата за креативна Европа на Република Словенија, организира Инфоден, на кој ќе бидат презентирани  процедурата за аплицирање и електронскиот формулар пред претстојниот повик за аплицирање за категоријата ,,Проекти за соработка’’.

kreativna-evropa-2

Настанот е наменет за потенцијалните корисници на програмата ,,Креативна Европа на ЕУ – потпрограма Култура’’ со цел да се запознаат со структурата, целите и приоритетите на програмата. Истовремено, ќе биде претставено словенечкото искуство со програмата преку презентација на тековни прoекти поддржани од програмата ,,Креативна Европа – потпрограма Култура’’ како примери на добра практика од Република Словенија.  Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со концептот и со реализацијата на проектот ,,Blackboard – музички проект’’ поддржан од категоријата ,,Проекти за соработка’’ што го спроведува Музичката младина на Македонија. Гостин на настанот е г-ѓа Матеја Лазар, раководител на Канцеларијата за Креативна Европа на Република Словенија.

Tagged with:

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *