Култура
kultura

Литературата за деца и млади ќе добие антологија

Денеска во рамките на Саемот на книгата министерката за култура, Елизабета Канчевска Милевска го промовираше новиот проект на Министерството за култура, кој ќе ги обедини на едно место најзначајните поетски и прозни книжевни форми што во изминатиот период имаа големо влијание врз развојот на целокупната македонска литература за деца и млади. Едицијата ќе содржи триесет томови и во неа ќе бидат застапени книги со кои сме растеле сите ние, како што се: „Белото циганче“, „Силјан штркот“, „Зоки Поки“, „Големи и мали“, „Втората смена“, „Волшебното самарче“ и многу други.

zoki poki

Во едицијата ќе бидат застапени и две хрестоматии во кои ќе биде направен селективен избор на највредните остварувања на плејадата македонски писатели за деца од сите генерации кои не се претставени во останатите томови, како: Глигор Прличев, Волче Наумчевски, Лазо Каровски, Науме Попевски, Васил Пујовски, Јован Стрезовски, Христо Петревски…

Министерката Канческа-Милевска истакна дека иницијативата за изработка на Антологија произлегла од македонските автори што се занимаваат со детска литература. Антологијата, во тематска и содржинска смисла, ќе ја потврди важноста на литературата за деца која, иако навидум едноставна, е една од најкомплексните форми на книжевно творештво, истакна минсиерката Канчевска –Милевска.

Таа информираше дека ќе биде распишан посебен конкурс за идејно решение за корицата и изгледот на Антологијата.

Tagged with:

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *