Култура
saem na kniga vo solun

Македонски автори на Саем во Солун

На Меѓународниот Саем на книгата што се одржа во Солун, тројца македонски автори учествуваа на овој Саем, кој годинава го доживеа своето 12-то издание. По десетгодишно отсуство од овој Саем, кој оваа година се одржа од седми до 10 мај, годинава од Македонија учествуваа  тројца македонски автори, Томислав Османли, Александар Прокопиев и Вера Стојчевска-Антиќ.

Томислав Османли се претстави со неговиот деби-роман „Дваесет и првиот“ со кој роман писателот ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ за 2009 година.

Вера Стојчевска-Антиќ  говорела за влијанието на просветителската традиција на солунските браќа во делата на македонските автори, посветен на темата  „Химни за Св. Кирил“.

Македонскиот постмодернист Александар Прокопиев,  се претставил со неговиот роман, „Ѕиркачот“. Повторното појавување на македонското знаме, штанд и изданија на солунскиот Меѓународен саем на книгата било овозможено со поканата од Грчката фондација на културата, со ангажманот на Генералниот конзулат на Македонија во Солун како и со поддршката на  Славистичката катедра на Солунскиот универзитет.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *