Култура
grob na goce delcev

Одбележување 112 години од смртта на Гоце Делчев

По повод одбележувањето на 112 години од смртта на нашиот револуционер Гоце Делчев, делегација од Собранието на Р. Македонија и делегација од градот Скопје, ќе положат цвеќиња на гробот на Гоце Делчев во „Сцжв. Спас“ и на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.  Во рамките на одбележувањето на 112 годишнината од смртта на нашиот револуционер, во Собранието на Р. Македонија ќе биде доделена наградата „Гоце Делчев“ за  значајни остварувања од интерес  за Република Македонија во областа на науката.

Наградите оваа година се доделени за „Толковен речник на македонскиот јазик“ од тимот д-р Елизабета Бандиловска-Ралповска, д-р Олгица Додевска-Михајловска, д-р Снежана Велковска, д-р Снежана Веновска-Антевска, д-р Елка Јачева-Улчар, д-р Виолета Николовска, д-р Фани Стефановска-Ристеска, м-р Катица Топлиска-Евроска и д-р Живко Цветановски, за трудот „Резултати за композија и неутрикс композиција“ од проф. д-р Билјана Јолевска-Тунеска и за „Говорот на Албанците од Скопска Црна Гора“ од проф. д-р Аслан Хамити.

goce delcev

Гоце Делчев, (Ѓорѓи Николов Делчев),  е роден во Кукуш на 4 февруари 1872 година, загинал во Баница на 4 мај 1903 година. Тој е еден од најголемите македонски  херои, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Се школувал во Кукуш, каде завршил прогимназиско образование (1879– 1887), потоа во Солунската машка гимназија, „СВ. Кирил и Методиј“каде раководел со таен  револуционерен кружок. Потоа во Софија се дошколувал на Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село. Загинал во предвечерието на Илинденското востание, на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, во борба со османлиската војска која го опколила селото.

Неговите посмртни останки прво се чувале во Баница до 1917 година, кога се пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувал во домот на Михаил Чаков. Посмртните останки на Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, во црквата „Свети Спас“.

Tagged with:

Слични статии