Култура
offest

Офф фест по 14-ти пат

На годинешното 14-то издание на Офф фест ќе настапат три извонредни музички состави од  регионот  на Западна Африка, а Мали е во фокусот на годинашното издание на фестивалот, со својата богата музичка традиција.

offest2

Офф-фест“ ќе започне со концертот на иновативниот пост-рок/ворлд-мјузик состав и во моментов најголемата музичка атракција од Кореја, бендот „Џамбинаи“ (Jambinai). На  првата вечер, ќе настапи Басеку Кујате (Bassekou Kouyate), мајсторот на традиционалниот инструмент нгони и неговиот еклектичен состав „Нгони ба“, кои ќе се претстават со материјалот од својот најнов албум „Ba Power“. Басеку Кујате и „Нгони ба“ последниве години важат за највозбудливиот бенд кој доаѓа од Африканскиот континент. Музичката приказна за Мали ќе продолжи следната вечер, 29 мај, со настапот на легендарниот блуз гитарист и симболот на независноста на Мали Бубакар Траоре. Последниот фестивалски ден (1 јуни) е резервиран за концертот на светската музичка сензација – виртуозните музички бунтовници „Тинаривен“ (Tinariwen). Во саботата на 30 мај, публиката ќе ја слушне фадо музиката на португалката Лула Пена и ќе ужива во концертот на популарната мароканска пејачка и кантавторка Хинди Захра, која во Скопје ќе го изведе својот најнов албум „Homeland“. Македонската етно ризница ќе биде претставена на концертот на групата „Чалгија саунд систем“ (Chalgia Sound System), кој ќе се одржи за 31 мај во недела.

Сите концерти на „Офф-фест“ оваа година ќе се одржуваат во Младинскиот културен центар (Кино Фросина и Денсинг сала). Во рамките на фестивалот ќе бидат прикажани и два музички документарни филмови – „Ќе пеам за тебе” („Je chanterai pour toi”), приказна за легендата Бубакар Траоре и  филмот „Последната песна пред војната“(„The Last Song Before the War“), документарец посветен на „Фестивалот во пустината“ во Мали.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *