Култура
kanski festival

Жена режисер го отвора 68. Кански фестивал

Филмот „Главата горе“ на француската режисерка, актерка и сценаристка , Емануел Берко, ќе го отвори 68. издание на гламурозниот „Кански филмски фестивал. Во филмот во кој се прикажани животите на малолетни деликвенти игра познатата актерка Кетрин Денев. Инаку, во изминатите години Канскиот филмски фестивал беше мета на критики дека фестивалот не им дава доволно простор на женските филмски творци. Исто така, за прв пат почесната награда Златна палма, за животно дело,  ќе и биде доделена на режисерката Анес Варда. Оваа награда ја имаат добиено, меѓу останатите и, Вуди Ален, Клинт Иствуд и Бернардо Бертолучи.

По нападот на сатиричниот весник Шарли ебдо на почетокот на оваа година, безбедноста на фестивалот ќе биде подигната на највисоко можноп ниво. Претставниците на седмата уметност, межу кои Кетрин Денев, Вансен Касел, Леа Сејду, Марион Котијар, Наоми Вотс, Бенисио дел Торо, Натали Портман, ќе прошетаат на црвениот тепих, следени од луѓе на безбедноста во цивилка, чија бројка се држи во тајност.

kanski festival

На режисерката ќе и биде врачена наградата на завршниот ден од фестивалот, 24 мај, а недела дена подоцна, Анес Варда ќе наполни 87 години. Почесната награда „Палма над палмите“ беше доделена последен пат во 1997 година на легендарниот шведски режисер Ингмар Бергман.  Заштитното лице на фестивалот оваа година е  прекрасната икона на Холивуд, актерката со шведско потекло Ингрид Бергман. Годинава со жирито на Фестивало за прв пат заседаваат двајца режисери,  браќата Џоел и Етан Коен. Тие во 1991 година ја освоија „Златната палма“ со денеска култниот филм „Бартон Финк“.

Во трка за „Златна палма“ годинава се 19 филмови, меѓу кои 11 остварувања се од Европа, повеќето од најмногу од Франција и Италија, меѓу кои уште две француски авторки: Валерија Донзели со филмот „Маргерит и Жилиен“ и Маивен со „Мој кралу“. Тука се тројца наградувани италијански автори, и тоа: Паоло Сорентино со „Младост“, Нани Морети со „Мојата мајка“ и Матео Гароне со „Приказна над приказните“. Американскиот независен автор Гас Ван Сент, ќе се претстави со  „Море од дрва“, потоа трилерот „Сикарио“ на канадскиот режисер Денис Вилнев, во кој Беницио дел Торо игра платен убиец, „Планините можат да се поделат“ на наградуваниот кинески автор Џиа Зангке, како и унгарскиот филм за Аушвиц, „Сауловиот син“ на Ласло Немеш.

Автор:

Слични статии