Култура
brodvej pod zvezdite

„Бродвеј под ѕвездите“ вечерва во Градскиот парк

Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, вечерва на годинашново издание ќе го претстават проектот „Бродвеј под ѕвездите“ кој во една вечер публиката ќе ги слушне вокалните и инструментални хитови од најпознатите филмувани мјузикли.  е филмувани мјузикли, како „Валкан танц“, „Телохранител“, „Чикаго“, „Волшебникот од Оз“, „Кралот и Јас“, „Ох, Кеј“, „Мала ноќна музика“, композиции кои одамна се сметаат за џез-стандарди на големите музички мајстори како Гершвин, Роџерс, Арлен, Хамерстајн или Сандхајм. Публиката ќе има можност да ги слушне и увертирите „Кандид“ на Бернштајн и „Смешно лице“ на Гершвин, како и еден симпатичен сплет од најпознатите хитови на легендарната шведска поп група „Аба“.

brodvej pod zvezdite

Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Борјан Цанев, додека солист на концертот е популарната вокалистка Сара Костадиновска која музичката публика ја познава како Сара Мејс.

Покрај сцената на големи платна оваа година публиката ќе има можност да го гледат  создавањето на ликовни дела од страна на двајца уметници, Милан Андов и Стојан Ѓуриќ.   На настанот ќе бидат поделени и 20 илјади примероци од книгата „Фигури“ од чешкиот новелист и поет, Јан Неруда.

Овој мултимедијален настан е последен насстап на Мкедонската Филхармонија, со што ја завршува концертната сезона за 2014-2015 година.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *