Култура
lokalitet ganje

Откриен гроб на великодостојник на локалитет Гање – Конче

На локалитетот Гање дол во Општина Конче, откриен е гроб на великодостојник, монети од бронза, унвентариум, керамика, коскен предмет.

По откривањето на првата гробница на локалитетот Гање во општина  Конче пред пет години,  сега е откриена гробница на веродостојни , кој бил погребан кон крајот на вториот или почетокот на третиот век.
Универзитетскиот професор, Трајче Нацев, а воедно и раководител на археолошкото  истражување,  информира  дека во Могилата  се пронајдени керамички жртвеник,  монети, предмети со кои во тој период  ритуално бил погребан великодостојникот, кој бил кремиран. Откриени се поголем број монети изработени од бронза, керамики, откриен е унвентариум од стакло и еден коскен предмет.Засега археолозите не можат со сигурност да кажат кој е закопан во гробницата, ниту дали бил маж или жена. За овие одговори потребни се дополнителни антрополошки анализи.
Пред пер години во првата гробница, откриена  на овој археолошки локалитет, беа пронајдени дрвени садови и кожни чевли со декорација од златен конец кои потекнувале од вториот век од нашата ера. Овие пронајдоци како и останатите археолошки истражувања на територија на државата говорат за континуираното битисување на овие простори и за културниот идентитет на народот.

Tagged with:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *