Култура
k-na gedje

Турска моминска вечер „К`на Геџе“

Театарски приказ во кој ќе биде презентиран еден од најстарите јуручки обичаи – Моминска вечер „К`на Геџе“, ќе се одржи утревечер во Куршумли Ан, со почеток во 20 часот.

Овој турски  обичај е еден од највпечатливите адети од традиционалната јуручка култура во Македонија. Облечени во носии, презентерите ќе покажат, покрај подготовката на невестата, и некои елементи од свадбите кај Јуруците, нешто слично на Галичка свадба, само – среде Скопје.

k-na gedje

Адетите кои се практикуваат за време на овие церемонии, варираат во зависност од региони. Во овој контекст на изложбата ќе биде презентирана и традиционалната јуручка свечена носија на театрален начин ќе се презентира и специфичниот адет, бричење на зетот пред свадбата.  Истата вечер ќе бидат презентирани и традиционални јуручки песни  и маниња од различни региони од Македонија, стои во информацијата од Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје, кој е организатор на оваа церемонија „К`на Геџе“. Во истата вечер  присутните ќе имаат можност да слушнат  и повеќе јуручки песни.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *