Култура
tinariwen

За крај на 14-ти „Оф фест “, групата бунтовници „Тинаривен“ од Мали

Последниот ден од „Оф Фест“ беше резервиран со групата „ Тинаривен“ (Tinariwen).  Најавени како светска музичка сензација и виртуозни музички бунтовници, вечерва, публиката ќе има можност да ја слушне оваа шестчлена музичка група која светската слава ја достига во 2007 година со објавувањето на албумот „Aman Iman“ во 2007 година кој добива одлични оцени од критичарите.

На јазикот на Туарезите, номади кои со векови талкаат по најоддалечените краишта на Сахара, зборот „тинаривен“ значи „пустини“. Составот формиран во 1979 година преку својата музика води борба за остварување на правата на протераните номадски народи. Со објавувањето на албумот „The Radio Tisdas Session“ и со настапите на „Festival in the Desert“ во Мали и „Roskilde Festival“ во Данска во 2001 година, групата станува популарна надвор од регионот на Сахара, а потоа и ја доживува светската слава.  Последниот албум „Emmaar“ е снимен во Joshua Tree во пустината на Калифорнија.
За „Тинаривен“ и денес е невозможно враќањето во родниот крај, а нивните нови песни ја одразуваат токму болката на животот во прогонство. Пред нивниот концерт, вечерва со почеток во 20 часот, ќе биде прикажан  документарниот филм „Последната песна пред војната“ (The Last Song Before the War). Групата „Тинаривен“ (Tinariwen) ја сочинуваат: IYAD MOUSSA BEN ABDERAHMANE  – вокал, гитара, TOUHAMI AG ALHASSANE – вокал, гитара, ABDALLAH AG ALHOUSSEYNI, вокал, гитара,
EYADOU AG LECHE – вокал, бас гитара,  SAID AG AYAD – вокал, тапани, ELAGA AG HAMID,  – вокал, гитара.

„Оф-фест“ почна на 28 мај, со настап на рок составот Џамбинаи од Јужна Кореа и на Басеку Кујате, мајсторот на традиционалниот инструмент „нгони“. Следниот ден на 29 мај, во петокот, публиката имаше можност да ужива во звуците на легендарниот блуз-гитарист Бубакар Траоре од Мали пред чиј настап имаше проекција на документарниот филм „Ќе пејам за тебе” на режисерот Жак Сарасин. Во саботата настапија, португалската фадо уметница Лула Пена и кантавторката Хинди Зара од Мароко. Македонската етно ризница беше претставена со концертот на групата „Ч1алгија саунд систем“ (Chalgia Sound System), кој се одржи за 31 мај во недела,  со што уште еднаш се покажа колкаво е богатството на македонската музичка традиција.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *