Култура
skupi

Целосно истражен античкиот театар на Скупи

Почнувајќи од август 2013 година, истражувањата се реализираа во соработка со Филозофскиот факултет од Скопје и Музејот на град Скопје. За време на истражувањата на Античкиот театар, кој бил изграден за време на Хадријан и кој функционирал до крајот на 4 век, археолозите пронајдоа околу 3000 монети, керамика, бронзени предмети, коскени предмети. Станува збор за пронајдени над 5000 предмети од различни културни хоризонти – железно време, римски период, доцноримски период и среден век.

skupi

Истражувањата беа финансирани од Министерството за култура, а беа реализирани со координација на Управата за заштита на културното наследство, деновиве.

Паралелно со археолошките истражувања беа спроведени и геофизички испитувања, а беа направени и аерофотографии од театарот со кватрохоптер (дрон). Информациите околу ископувањата и пронајдоците на Скупи сега се достапни и на веб-страницата за локалитетот, а се планира и изложба со новите пронајдоци. Истражувањето на театарот на Скупи беше капитален проект на Владата на Р. Македонија. Раководител на истражувањата беше д-р Антонио Јакимовски, професор на катедрата за Историја на уметност со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *