Култура
izlozba izrael

Изложба на фотографии од Македонија и од Израел

Изложба на фотографии од авторите Кери Харт од Израел и Љупчо Благоевски од Македонија беше отворена синоќа на платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на Скопско лето.

Постановката,  насловена „An Israeli eye on Macedonia, a Macedonian eye on Israel“, се организира во соработка со Амбасадата на Израел и Министерството за надворешни работи на Република Македонија по повод одбележување 20 години од дипломатските односи меѓу двете земји.

Постановката се организира во соработка со Амбасадата на Израел и Министерството за надворешни работи на Република Македонија по повод одбележување 20 години од дипломатските односи меѓу двете земји.
– Државата Израел е наш голем пријател и поддржувач, земја со која во изминатите 20 години градевме релации коиконтинуирано се унапредуваа на сите политички нивоа и во сите општествени сфери. На полето на културата во последните две децении беа реализирани бројни настани и проекти кои овозможија запознавање на нашите две култури и промоција на врвните културни вредности кои ги поседуваме како држави, рече министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето на отворањето на изложбата. Посочи дека е убедена дека сите програмски содржини кои се реализирале и кои ќе се случуваат до крајот на годината уште еднаш ќе го потврдат континуитетот на искреното пријателство и довербата кои се негуваат меѓу двете земји и ќе бидат значаен придонес во интензивирањето и продлабочувањето на врските помеѓу македонскиот и израелскиотнарод.

Изложбата насловена како „Пријателски објективи“ на професионалните фотографи Љупчо Благоевски и Кери Харт, истакна министерката, претставува еден убав панорамски преглед на специфичноста на културите на нашите две држави видени преку очите на посетителот.
– Преку објективите на двајцата исклучително талентирани мајстори на фотографијата, регистрирани се најубавите културни и туристички предели на Република Македонија и Државата Израел, претставена е традицијата на двете држави која е симбиоза на многу аспекти преку кои се презентира посебноста и убавината на нашата различност, но исличност како култури. Преку фотографиите кои се содржани во оваа изложба се претставени Охрид и Ерусалим, градовите кои имаат суштинската паралела и цивилизациска поврзаност како центри на религиската духовност, рече Канческа Милевска. Според неа, изложбата на овие фотографии е навистина едно впечатливо патување низ вековната историја исегашност на Македонија и Израел.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *