Култура
staro bonce

Откриени нови гробови кај Старо Бонче

При годинешните истражувања, на раноантичка некропола во близината на кралската гробница кај Старо Бонче, пронајдени се десеттицци стари гробови од група археолози предводени од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет при Филозофскиот факултет – Скопје. Од овие истражувања се очекуваат да се дојде до многу одговори. Засега информациите говорат дека гробовите датираат од 5-4 век пред нашата ера, според металните и керамичките наоди што се пронајдени во нив, а конструкцијата на гробовите во правоаголна форма, ја сочинуваат големи камени блокови вертикално поставени.

Засега постои само претпоставка за постоење на антички град Пелагонија, којашто се наметна по интензивните истражувања од страна на д-р Виктор Лилчиќ и проф. д-р Антонио Јакимовски.

Старо Бонче е комплекс составен од дваесетина археолошки локалитети, сместен на  источниот раб на пелагониската котлина меѓу селата Бонче и Подмол, и најголем дел од нив припаѓаат на раната антика. Пронајден е голем движен археолошки материјал, меѓу кои најексклузивни се трите штита на кои е испишано името на македонскиот крал Деметриј, како и голем број монети ковани од македонските кралеви. позначајните археолошки објекти е владетелската гробница од македонски тип сместена на локацијата Павла Чука. Гробницата датира во последната четвртина на 4 век пред нашата ера.

Ова е капитален проект на Владата на Република Македонија, координиран преку Управата за заштита на културното наследство. Носител е Филозофскиот факултет – Скопје, во соработка со Заводот и музеј – Прилеп.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *