Култура

Промовиран документарец за Вања Лазарова

Во филмот Вања зборува за нејзиниот живот поминат со песната, за нејзината соработка со  музичари, за нејзините настапи дома и на многу светски сцени.  Вања Лазарова има испеано  стотина македонски изворни народни песни, од кои најголем дел се снимени во продукцијата на МРТ. Има работено во Операта при МНТ, била член на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ и настапила на голем број концерти низ светот. Пеела пред доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, настапила во „Алберт Хол“ во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Таа е прва македонска пејачка која има снимено плочи за најголемите издавачки куќи „Полиграм“ и „Филипс“. Таа денес има 85 години и се уште песната и е длабоко во мислите и во срцето. Во филмот многу музичари зборуваат за соработката што ја имале со Вања Лазарова:  Влатко Стефановски, Златко Ориѓански, Есма Реџепова-Теодосиевска, Милчо Манчевски, Благоја Десковски, Кирил Џајковски, Мирослав Тадиќ, Елена Ристеска-Ивановска, како и продуцентот Иво Јанкоски, чија продуцентска куќа „Трето уво“ објави три нејзини албуми, „Македонски традиционални љубовни песни“, „Ритмистика“ и „Лулка
Во филмот зборуваат музичари кои соработувале со неа во текот на нејзиниот богат творечки живот. Таа е саундтрак на најубавата Македонија и на културното наследство и на нашиот идентитет.  Овој документарен филм ќе претставува трајна вредност- сведоштво за македонската  вредност и сведоштво за македонската музичка легенда Вања Лазарова, за нејзиниот животен пат, за целокупното нејзино творештво и сето она што го оставила како вредносна и уметничка култура за државата.

Вања Лазарова е една од најголемите музички легенди, личност која испеа огромен број македонски изворни песни, во кои се отсликува нашата богата традиција, обичаи, македонската музика, се разбира, сето она што претставува идентитет на нашата држава, изјави министерката за култура на промоцијата на филмот, Елизабета Канчевска Милевска, изразувајќи голема благодарност за нејзиниот огромен влог кој Вања Лазарова го има дадено за нашата култура и уметност.  Филмот, според Иво Јанковски, претставува едно лирско патување низ нејзиниот живот преку нејзината песна. Филмот ќе остане како учебник за идните генерации зборувајќи за тоа како се пеат македонските народни песни.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *