Култура
zlatkova kula

Реставрација и конзервација на Златковата кула од 14 век

Златковата кула, на која претходно беше извршена конзервација на архитектурата, претставува градба на три ката, а името го добила според последниот сопственик, Ѓорги Златков. Според проектот, во кулата ќе биде отворена сувенирница со предмети карактеристични за кратовскиот крај, културно-информативен центар, како и спомен-соба со постојана историска поставка посветена на македонскиот православен светител св. Ѓорги Кратовски.

Во согласност со проектот, ќе  се почне со реставрација на ентериерот на кулата и негова адаптација во простор за афирмација на културата и културниот туризам во Кратово, како и реализација на проектот за електрика и илуминација. Реализацијата на проектот треба да заврши до крајот на годинава.

Според проектот, во кулата ќе биде отворена сувенирница со предмети карактеристични за кратовскиот крај, културно-информативен центар, како и спомен-соба со постојана историска поставка посветена на македонскиот православен светител св. Ѓорги Кратовски.

Претходно во Кратово беше извршена реконструкција на Саат-кулата, како и ревитализација на Симиќевата кула, која е веќе отворена за јавноста и во која е изложена постојаната поставка „Карпошово востание 1689 година“. Проектот за конзервација и реставрација на Златковата кула се реализира со поддршка од Министерството за култура и со грантот за заштита на културното наследство на Амбасадата на САД во Република Македонија.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *