Култура
skopje zemjotres

Скопје – 52 години од катастрофалниот земјотрес

Денес, 26 јули, се навршуваат 52 години од силниот земјотрес што го зафати Скопје во 1963 година. По тој повод  Градските гробишта во Бутел, пред Споменикот на загинатите во катастрофалниот земјотрес што во 1963 година Скопје го остави во урнатини, официјални делегации и претставниоци на институции ќе положат цвеќиња. Традиционално, и оваа година че биде организирана акција за дарување на крв.  Во Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје, во ДХО „Даре Џамбаз“, од 9 до 17 часот, на крводарителска акција што традиционално ја организира Црвениот крст на град Скопје, граѓаните ќе може да даруваат крв. Вечерта во Музеј на град Скопје, во 19 часот, ќе се одржи литературно читање насловено како „Поетесите за својот град“, а во 20:30 часот, градоначалникот Коце Трајановски ќе им се обрати на присутните и ќе ја отвори изложбата „Скопје 1963 – пред и потоа“.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *