Култура
staro bonce artefakti

Вредни артефакти пронајдени на Старо Бонче

Археолошките истражувања на локалитет Старо Бонче близу Прилеп, кои се вршат  во секторот некрополи, се во завршна фаза. При годинешните истражувања, на раноантичка некропола, којашто за првпат се истражува, а е во непосредна блиизна до кралската гробница, во откриените  десеттицци стари гробови, пронајдени се многу вредни артефакти:: златна перла, фибули и украсни игли. Засега се истражени  централниот гроб и околните гробови, а највреден пронајден предмет е секако златната перла од 5-4 век п.н.е, која  е најдена во централниот гроб. Златната перла е изработена во техника филигран и гранулација. Пронајдени се и други значајни наоди, како фибули, украсни игли, керамика и други предмети.

staro bonce artefakti

Во околните гробови исто така се откриени значајни наоди меѓу кои и статуетка на Хермес, перјаница од бронзена статуетка на воин и други.

На овој локлаитет се најдени уште десеттина некрополи, за коишто се претпоставува дека се дел од градот Пелагонија. Истражувањата се предводени од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет – Скопје. Раководителот на истражувањата, проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметност со археологија при Филозофскиот факулетет во Скопје, вели дека оваа година за прв пат ја истражуваат оваа раноантичка некропола и дека се најдени вредни наоди од 5-4 век п.н.е., како и предмети од подоцнежни фази

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *