Култура
noti

Доделени се 25 награди од областа на класичната музика

На првиот конкурсен рок за 2015 година за нарачка на дела од областа на класичната доделени се 25 награди во износ од 1.575.000 денари .Со оваа поддршка продукцијата на дела од областа на калсичната музика се зголеми за четири пати. Оваа година доделени се девет први награди во износ од 695 илјади денари, осум втори награди во износ од 515 илјади денари и осум трети награди во износ од 365 илјади денари.

На конкурсот биле разгледувани 40 од вкупно пристигнатите 41 композиција. Техничката поткомисија при Министерството за култура констатирало дека од технички аспект само една од пристигнатите апликации не ги исполнува условите на конкурсот и од тие причини оваа композиција била дисквалификувана. Останатите 40 композиции беа квалитативно оценувани од девет посебни комисии во кои освен претставниците од Сојузот на композиторите и Сојузот на музичките уметници како членови биле реномирани домашни и странски автори и репродуктивни уметници.

Во категоријата марш за дувачки оркестар доделена е една награда, само за композицијата на авторот Тодор Трајчевски. Во категоријата за вокален солист(и) и симфониски оркестар во духот на најзначајните македонски православни обичаи (Божик, Бадник, Велигден) доделени се две награди. Првата награда ја доби Маријана Јаневска, а втората награда му припадна на   композиторот Благоја Цанев. Во категоријата за фиксен медиум наградени се Дарија Андовска на која и припадна првата  награда. Втората награда ја доби Никола Димушевски, а трета Влатко Георгиев. Во категоријата квинтет наградени се авторот Бојана Петровиќ Алексова, Александар Пејовски, Вања Николовски и Илија Б. Илиевски. Во категоријата мешан хор наградени се Никола Коларовски, Панде Шахов и Маријана Јаневска.

Во категоријата трио наградите ги добија Никола Димушевски, Ана Пандевска и Стојан Стојков. Во категоријата хармонски инструмент најдобри се делата на Александар Пејовски, Борис Светиев и Јана Андреевска-Димитровска.

Во категоријата соло песна награди добија авторите Ангел Спировски, Драган Стојковски и Никола Коларовски. Во категоријата за аматерски хорски состав наградени се Теа Богатинова, Гоце Гавриловски и Филип Иванов.

Вториот конкурсен рок ќе трае до 15 ноември. Оправданоста на оваа стимулативна мерка се потврдува со бројот на создадени дела во различни жанрови, бидејќи ги поттикнува авторите да создаваат дела за одредени состави, институции во државата кои имаат потреба од ново творештво од македонски автори.  Со оваа поддршка продукцијата на дела од областа на калсичната музика се зголеми четирикратно,

Во 2014 година со конкурсот за стимулирање на творештвото од областа на класичната музика беа поддржани 42 композиции на 27 македонски автори. Овие дела беа наградени со 5 милиони и 305 илијади денари, средства од буџетот на Министерството за култура.

Tagged with:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *