Култура
bazilika

Извршена конзервација на ранохристијанска базилика

Станува збор за проект вреден 5,5 милиони денари, спроведен во неколку фази од страна на Министерството за култура. Ова  е една од деветте ранохристијански базилики откриени во стариот дел на Охрид во периодот меѓу 4 и 6-тиот век.  Во рамките на проектот биле спроведени  системско археолошки истражувања на локалитетот, потоа била направена консолидација на објектот, конзервација на сите мозаични подови, а биле  поставени и автентичните столбови откриени на локалитетот. Овој локалитет  „Манчевци“ истовремено е и покриен и адекватно .

„Овој локалитет е од огромно значење, како за културниот туризам на Охрид, така и за промоција на богатото културно наследство што го поседува Република Македонија“ истакнала министерката за култура, Елизабета Канчевска Милевска на промоцијата на објектот.

Паралелно во Охрид со поддршка на Министерството за култура се спроведуваат уште неколку проекти како што е  обновата на Светиклиментовиот универзитет, реставрацијата на фрескоживописот,  камбанаријата  и архитектурата на црквата „Света Богородица – Перивлепта“ која се очекува да биде завршена до крајот на годината.. Продолжува проектот за обнова н фасадите на репрезентативни објекти во градот, тука спаѓа и објектот на „Радио Охрид“ и на „Магазата“.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *