Култура
ohridska sofra

Традиционална храна на „Охридска софра“

Ѓомлезето е еден од специфичните охридски специјалитети, на кошто е ставен акцентот на оваа манифестација, но се сервираат и други охридски специјалитети како што се питулиците, домашниот јогурт…Туристичко-промотивната манифестација „Охридска софра“ ќе се одржи денеска, 30-ти август, по трет пат во излетничкото место кај манастирскиот комплекс „Света Богородица“ во планинското охридско село Скребатно. Оваа манифестација којашто се одржуваше пред три години под името „Ѓомезијада“, симболично го означува крајот на главната туристичка сезона во Охрид, а целта е да ја промовира традиционалната охридска кујна со подготовка на локални специјалитети, меѓу кои посебно место има ѓомлезето.

Оваа година во подготовка на ѓомлезето ќе учествуваат 15 мајстори. За трите најдобро подготвени  ѓомлезиња се придвидени парични награди: првата награда е во вредност од десет илјади денари, втората награда изнесува седум илјади денари и третата награда е три илјади денари.

На Манифестацијата ќе учествуваат и студенти од Факултетот за туризам и угостителство кои ќе  приготвуваат и ќе презентираат традиционални специјалитети од охридското поднебје.  Здружението на пчелари ќе има изложба на мед. Штандови со здрава храна ќе имаат претставници од манастирскиот одбор и фирмата „ Градинар“. На Манифестацијата ќе настапи етно-групата „Баклава“.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *