
Заштитни активности на археолошкиот локалитет „Таламбасица“
— 19 август, 2015Локалитетот „Таламбасица“ е наоѓа пет километри североисточно од прилепското село Крушевица На овој локалитет се истражува тумул од периодот на преминот од бронзено во железно време, кој претставува солидно зачувана единица од шеесетината досега евидентирани примери од овој тип на подрачјето на општината Витолиште во мариовскиот крај.
Од планираните активности, досега се завршени подготвителните активности при што е отстранета вегетацијата и откриени се камењата кои ја формираат хумката на тумулот со оградниот ѕид, односно венецот на конструкцијата каде што е забележан феноменот на специфично редење на камењата еден до друг со потесните страни нагоре.
Истражувањата на оваа локација ќе се одвиваат до септември 2015 година, а резултатите ќе бидат значаен придонес во дефинирањето на времето на металите во прилепскиот регион и насока за преземање натамошни истражувачки активности.
Автор:
Слични статии
Последни статии
-
Романски уметник го лансираше „Македониум“ во вселената
— 4 декември, 2019Студентот по индустриски дизајн Алекс Барбу, од Брашов, Романија го прикажа споменикот „Илинден“ во Крушево, попознат како „Македониум“ во поинакво светло. Станува збор за најава за негов нов уметнички проект кој ќе ги претстави најпознатите споменици од советската ера, на начин на кој досега не биле претставени. „Идејата зад сликата со Македониум е вид на синтеза…
-
Сунчица Уневска дел од гласањето на Би-Би-Си за 100 најдобри филмови режирани од жени
— 2 декември, 2019Познатата филмска критичарка Сунчица Уневска е една од реномираните филмски експерти, кои на покана на Би-Би-Си, учествуваа во изборот на 100 најдобри филмови во светската кинематографија што ги режирале жени. Културната редакција на Би-Би-Си при крајот на 2019 година организираше избор по пат на гласање, на 100 најдобри филмови во историјата на кинематографијата потпишани од…
-
Изложбата „Јас и ти сме едно“ ќе биде отворена во Чифте Амам на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби
— 1 декември, 2019На Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, на четврти декември, среда, ќе биде отворена последната изложба „Јас и ти, едно сме“ од проектот „Уметност за сите“ во Чифте Амам во 12 часот. Ликовно- едукативниот проект „Уметност за сите“ е досега најголемиот едукативен проект на Националната галерија на Северна Македонија во доменот на едукативниот сектор. Во…
-
Изложба „Trapped“ во МКЦ
— 26 ноември, 2019Во Галеријата на МКЦ, на 28 ноември (четврток) со почеток од 20 часот ќе се отвори самостојната изложба на Кристина Божурска насловена „Trapped“. Кристина Божурска дипломира сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, на Инститот за педагогија во Скопје ги завршува педагошко-психолошките доквалификации, a во 2017 магистрира на Институтот за културолошки…
-
„Врба“ на Манчевски на филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија
— 26 ноември, 2019По азиската премиера на фестивалот Златен коњ во Тајпеј и одличниот прием од публиката и медиумите, филмот на режисерот Милчо Манчевски „Врба“ утре ќе се прикаже на 23. Филмски фестивал Црни ноќи во Талин, Естонија. Со оглед на тоа што филмот ја имаше светската премиера на Римскиот фестивал, во Талин ќе игра вон конкуренција, во…
-
Втор конкурс за годишната стрип награда „Лифт“
— 21 ноември, 2019Издавачката куќа ТЕМПЛУМ годинава, 2019, втор пат го распишува конкурсот за наградата „Лифт“, за македонски стрип. „Лифт“, инаку, беше име на списанието за стрип кое излегуваше од 1996 до 2001 година, а денес е име и на угледна графичка едиција. Наградата „Лифт“ се доделува еднаш годишно. Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република…
-
Доаѓа апокалипса на инсектите: повеќе од 60 истражувањa на светско ниво, укажуваат на опаѓање на бројот на инсекти и други безрбетници
— 20 ноември, 2019Станува збор за невидена апокалипса. Бројот на инсекти рапидно се намалува и 41 отсто од видовите инсекти се соочуваат со изумирање, предупредуваат научниците. „ Ако ова масивно исчезнување продолжи, последиците ќе бидат огромни – вели Дејв Гулсон, професор по биологија на Универзитетот „Сасекс“ во Велика Британија и автор на новиот извештај за падот на бројот на…
-
Роденденски концерт на Македонската филхармонија со кинеската пијанистка Зи Зи
— 20 ноември, 2019По повод 75 годишнината од формирањето, Филхармонија в четврток ќе одржи симфониски концерт симболично насловен „Среќен роденден“ на кој како солист ќе настапи исклучителната кинеска пијанистка Зи Зи. Со оркестарот ќе диригира Борјан Цанев, а на програмата се Концертот за пијано и оркестар од Јоханес, „Фантазија корале“ од Томислав Зографски и варијациите „Среќен роденден“ од…
Напишете коментар