Култура
manaki

Филмот „Лазар“ го отвора „Браќа Манаки“

Под мотото „Филмот е убав“ утре се отвора 36.Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки. Фестивалот ќе го отвори македонскиот филм „Лазар“ на режисерот Светозар Ристовски, воедно тоа ќе биде и премиератат на филмот. Оваа година новина е што Фестивалот наместо седум оваа година ќе трае десет и ќе иде збогатен со две нови програми: „Нов европски филм“ и „SEE Camera“.

Во официјалната програма, кои ќе се натпреваруваат за наградите, „Златна камера 300“ (Златна, Сребрена и Бронзена) се 13 филмови: „Сикарио“, „600 милји“, „Убиец“, „Црни души“, „Макбет“, „Синот на Саул“, „Викторија“, „Тимбукту“, „Нашата мала сестра“, „Нахид“, „Белите ноќи на поштарот“, „Мојата мајка“ и „Земја и сенка“. Меѓу филмовите има наградени на престижните фестивали во Кан, Берлин и Венеција, го потврдува нивниот квалитет. Посочи дека програмата нуди жанровски различни филмови, снимени од веќе познати директори на фотографија, но и остварувања на нови имиња. Во двете програми ќе се доделуваат по две награди (за филм и за кинематографер) награда „Бона деа“ за европските филмови и „Златен Манаки“ за филмовите од Југоисточна Европа.Тука се и Документарната програма (селектор Гена Теодосиевска) и Кратки филмови (селектор Јованка Попова), како и детската програма „Големо платно – голема разлика“ на фестивалскиот партнер – ВИП. За наградите во главната натпреварувачка програма ќе одлучува петчлено меѓународно жири, под претседателство на полскиот кинематографер Ришард Ленчевски, кој е годинашен лауреат на наградата „Златна камера 300“ за животно дело (покрај другите двајца лаурати на оваа награда – кинематограферите Божидар Бота Николиќ и Јаромир Шофр).

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *