Култура
mot

Јубилејно 40. издание на МОТ

Танцовата трупа „Алијас“ од Женева, ќе го отвора МОТ вечерва со претставата „Пред“ коашто ќе се одигра на сцената на Македонската опера и балет. Истата вечер во МКЦ , во киното „Фросина“со почеток во 22:30 часот, ќе биде изведена претставата „Комплекс Ристиќ” во режија на Хрватот Оливер Фрљиќ. Претставата е работена во копродукција со театрите од Македонија, Србија, Хрватска и  од Словенија.

Претставите ќе се одржуваат на неколку локации: Македонската опера и балет, Младинскиот културен центар, Театар на Евреите од Македонија, Театар Комедија, Македонскиот народен театар и Музејот на холокаустот. Млад Отворен Театар годинава го одбележува својот  јубилеј – 40 години постоење. Во знак на одбележување на овој јуббилеј, организаторот одлучил, сите билети, купени пред почетокот на фестивалот, да бидат поефтини за 40 проценти.

mot-1

На вториот ден од Фестивалот, 24 септември,  скопската публика ќе има можност да го види Гогољ центарот од Москва, со претставата „Време за забава“ а ќе се одигра на сцената на МКЦ. на На 25.09.2015 година,  во 20 часот  во МКЦ Претставата „Другата страна“ на нашиот автор Дејан Дуковски ќе се одигра на третиот ден од Фестивалот во МКЦ, а истата вечер во 22:30 часот во Музеј на холокаустот е претставата „Солун, град на духови“ во изведба Театарот на навигаторот Цветко од Скопје. На 26 септември со почеток во 18 часот на Малата сцена во МОБ ќе се одигра  претставата „Федра“, ко-продукциска претстава на театрите „Јордан Константинов Џинот“ од Велес и „Словенско младинско гледалиште“ од Љубљана. Во 20 часот  во МКЦ ќе се одигра претставата „Црвена шума“ на Белорускиот слободен театар кој работи во Лондон. Истата вечер, во 22:30 часот на Малата сцена на Театар комедија, Турскиот театар  од Скопје ќе ја одигра претставата „Прометеј. Претставата „Дневникот на лудакот“ на Мoving , musig theatre од Битола ќе се одигра во Македонски народен театар. Во киното Фросина ќе се одигра претставата „Неопланта“ , во изведба на Новосадски театар „Ујвидеки синхаз“. За во 22:30 часот е ставена претставата „Кој пукаше на 21-ви?“  што ќе се одигра во МКЦ. За последниот ден од Фестивалот се претставите „Електра“ во изведба на Македонскиот народен театар и претставата „А каде е револуцијата, стоко?“ во изведба на театар од Хрватска, што ќе се одигра во  МКЦ. Во рамките на годинешниотт МОТ ќе биде промовирана монографијата на Љубиша Никодиновски –Биш  посветена за 40-те фестивалски години. Годинава  е новитет и организирањето на  Македонскиот театарски маркет, на кој ќе бидат поканети режисери од повеќе држави коишто ќе можат да ги гледаат нашите театарски претстави.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *