Култура
od daleku

Венецуелски режисер го освои Златниот лав во Венеција

“Од далеку”  – филм на венеецуелскиот режисер Лоренсо Вигас, е добитник на наградата „Златен лав„ за најдобар филм на 72. Филмскиот фестивал во Венеција. Филмот го прикажува односот помеѓу средовечната возраст и средната класа и уличното насилство на младите. Тивко, но силно, филмот го прикажува  сексот, парите и насилството под површината на Венецуелското општество.

lorenso vigas

Освоената награда Вигас и ја посвети на својата земја, која минува низ период на политичка и економска нестабилност.  „Имаме некои проблеми, но ние сме многу позитивни. Ние сме еден неверојатен народ, изјави Вигас, пренесоа американските медиуми. Овој филм може да и помогне на Латинска Америка, да се учи од грешките во минатото.  Наградата за најдобра режија му припадна на јужноамерикански режисер, Аргентинецот Пабло Траперо за трилерот „Клан“.
Наградата на жирито ја освои американскиот тандем Чарли Кауфман и Дјук Џонсон за анимираниот филм „Аномализа“.

За најдобра актерка на Фестивалот е прогласена Италијанката Валерија Голино за улогата во семејната драма „За твоја љубов“, а за најдобар актер е прогласен Французинот Фабрис Лукини за улогата во филмот „Хермелин“.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *