Култура
djejms blad almar

Џејмс Блад Алмар го отвора 34.Скопски џез фестивал

Во четири вечери со осум концерти во Македонската опера и балет и два во полноќната програма во „Сити хол“ публиката ќе има можност да ги слушне врвните музички имиња од џезот на 34. Скопски џез фестивал од денеска до 18 октомври.

Вечерва, со почеток во 20 часот, ќе настапи американскиот гитарист Џејмс Блад Алмер, по кого ќе настапи Џанлука Петрела – меѓународно реномиран тромбонист и еден од најголемите претставници на италијанскиот џез во светот. Следната вечер, ќе настапи германскиот пијанист Јоаким Кин, еден од најзначајните претставници на џез-авангардата, а по него ќе се претстави еден од најголемите светски виртуози на контрабас, триото на Авишаи Коен од Израел, кој е меѓу најголемите светски виртуози на контрабас.

На третата вечер во сабота, ќе настапи американскиот композитор и пијанист Крег Тејборн, кому лани Асоцијацијата на џез-новинари му ја додели наградата за најдобар пијанист, закого се вели дека  нуди нова перспектива во создавањето џез-музиката. По него, на сцената во МОБ ќе гостува  неговиот сонародник – џез-пејачот и композитор Грегори Портер, чиј албум „Liquid Spirit“ ја освои  наградата „Греми“ за најдобар вокален џез-албум. На последната четвртта вечер

На завршната вечер во недела ќе настапи канадскиот тандем – Сара Нуфелд и Колин Стетсон, кои на виолина и саксофон создаваат богати и егзотични звуци, а по нив, за крај концерт ќе има осумчлениот шведски бенд „Англес 8“ кој свири современ џез, комбинација од разновидни музички влијанија.

Полноќните концерти во „Сити хол“ се резервирани за  петок и сабота – на 16-ти ќе настапи џез-секстетот „Melt Yourself Down“, во кој членуваат неколкумина најиновативни музичари на џез, рок и ворлд-мјузик од Велика Британија, а следната вечер на 17 октомври ќе гостува наградуваниот алт-саксофонист и рапер Совето Кинч, исто така од Велика Британија. Пред вечерашниот концерт во 18.30 часот во фоајето ан МОБ ќе биде отворена и изложба на џез-фотографии, насловена „Sweet Addiction“, на авторката од Словенија Петра Цвелбар. Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура. Автор на дизајнот на плакатот за годинашното 34-то издание на Скопски џез фестивал  е Карло Меѓугорац.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *