Култура
nezreli cresi

Премиера на „Незрели цреши“ во МКЦ

Македонскиот краткометражен филм „Незрели цреши“ на младиот режисер Небојша Јовановиќ е еден од фаворитите на Меѓународниот фестивал во Драма- Грција. Филмот ја обработува секогаш актуелната тема-конфликтот од 2001-та. Во повеќе  од 16 минути, режисерот донесува една поинаква сторија за конфликтот од 2001, за војната, за луѓето и за предрасудите. Во филмот се говори на три јазици ие појавуваат луѓе од различна национална и религиска припадност. Авторот ги поставува прашањата за тоа колку навистина луѓето се подготвени за простување, за взаемна комуникација и разбирање.

Македонската телевизија е копродуцент на новиот краткометражен игран филм „Незрели цреши“ во режија на Небојша Јовановиќ. Филмот беше успешно претставен на фестивалите во Гренобл, Франција и во Драма, соседна Грција. Филмот е сниман минатото лето во воз кој сообраќа на линија Скопје – Кичево, а донесува една поинаква приказна за конфликтот во 2001 година, за војната, за луѓето, за предрасудите, за потребата од одмазда, но и за потребата да се прости.

Во краткометражниот филм „Незрели цреши“ за прв пат по повеќе од 10 години се појавува Коле Ангеловски, а со свои улоги се појавуваат и Душица Стојановска, Ѓорѓи Тодоровски, Александар Микиќ, Маја Вељковиќ, Фисник Зекири, Изабела Новотни, младата Елизабета Стефановска и Селпин Керим.

„Незрели цреши“ е сниман во независна продукција во јуни минатата година во воз кој сообраќа на релација Скопје – Кичево. Зад него стои продуцентската куќа „Филмтрик“, а копродуценти се ФХ3Х, „Квазар“ и МРТВ. Директор на фотографија е Кирил Шентевски, а музиката е на Дарко Спасовски. Филмот со голем успех беше прикажан и на Интернационалниот фестивал на краток филм во Драма, соседна Грција, каде патем Јовановиќ учествуваше и на пичинг-форумот со сценариото за своето ново остварување „Кукавици“.

Слични статии