Култура
monografija kurbinovo

Промовирана Монографијата „Курбиново – прв том од планираните 10 тома на академик Цветан Грозданов

Во пресрет на одбележувањето 80 години од раѓањето на академик Цветан Грозданов, Македонската академија на науките и уметностите, идната година, ќе објави десеттомни избрани дела од неговото творештво. Првиот том го промовираше денеска – преобјава на монографијата „Курбиново“, која првпат се појави во двојазично, македонско-англиско издание во 2006 година …

Токму фреските во црквата, кои се дело на врвен мајстор од предренесансниот период, ја прават препознатлива и предизвик за византолошката наука – претставите на архангелите Гаврил и Михаил, свети Кирил и Методиј, свети Климент, фреската Вознесение на Богородица. Монографијата содржи и студија за фрескоживписот на Сливничкиот манастир, во која се наоѓа најстарата зачувана фреска за Седмочислениците, студија во која се проучува фрескоживописот во црквата „Св. Петар“ на островот Голем Град, во која е илустрирана „Опсадата на Цариград“…

monografija kurbinovo promocija

Токму фреските во црквата, кои се дело на врвен мајстор од предренесансниот период, ја прават препознатлива и предизвик за византолошката наука – претставите на архангелите Гаврил и Михаил, свети Кирил и Методиј, свети Климент, фреската Вознесение на Богородица… Монографијата содржи и студија за фрескоживписот на Сливничкиот манастир, во која се наоѓа најстарата зачувана фреска за Седмочислениците, студија во која се проучува фрескоживописот во црквата „Св. Петар“ на островот Голем Град, во која е илустрирана „Опсадата на Цариград“…

Промовирајќи го изданието, претседателот на МАНУ Владо Камбовски истакна дека Преспа била средиште и крстосница на значајни уметнички влијанија, која не само што ги примала, туку и ги емитирала на овие простори.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *