Култура
lezecki act

„Лежечки акт“ од Модиљани – второ најскапо уметничко дело во светот

Сликата на славниот Амадео Модиљани „Лежечки акт“ стана второто најскапо уметничко дело во светот, продадено за 170,4 милиони долари, со што е надминат и досегашниот аукциски рекорд за некои од неговите дела. Сликата е продадена на купувач од Њујорк, кинескиот колекционер Лиу Јикиан, 52 годишен милијардер кој плати за сликата 113 милиони фунти!

Сликата на Пабло Пикасо „Жени од Алжир“ која е продадена во мај за 179,4 милиони долари постави светски рекорд во цената за уметничко дело.

Сликата од 1917-1918 година на која е претставена гола непозната жена која се одмора потпрена на сина перница, предизвикала скандал кога за првпат била претставена на изложба во Париз.
Претходниот рекорд за некое од делата на Модиљани бил 70 милиони долари.

Лиу и неговата сопруга станале исклучително посветени колекционери. Трошеле милиони на вредни уметнички дела и древни предмети од Кина и пошироко. На почетокот Луи вели дека на аукциите давал подобри понуди од останатите за делото за кое имало најголем интерес, а потоа прашувал зошто е тоа дело вредно. Сега поседува толку уметнички дела, порцелан, калиграфија и предмети со исклучително археолошко и традиционално значење, што отворил сопствен музеј во Шангај кој содржи 2 300 уметнички дела во негова сопственост.

Музејот е отворен во 2012, а во 2017 во него ќе биде изложена сликата на Модиљани со што ќе се одбележи пет годишнината од музејот – пишува „The Sun“.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *