Култура

Откриена џиновска ограда изградена пред 3500 години

Археолозите на местото на древната престолнина на север, на делтата на Нил, пронашле џиновска ограда стара повеќе од 3500 години.

Се верува дека оградата, од време на Средното египетското кралство, била дел од градските ѕидини, соопштило египетското моинистерство за антиквитети. Притоа се истакнува дека станува збор за периодот кога Египет го освоиле Хиксите, антички азиски народ, исто така познати и како „Владетелите на пустината“.

До откритието дошле итражувачи од Австрискиот археолошки институт, соопшти Министерството за антиквитети во Египет.

Во соопштението на Министерството се наведува дека конструкцијата, долга најмалку 500 метри и широка седум метри, е пронајдена во местото Тал ел-Даба, во провинцијата Шарки, на чија територија некогаш се наоѓал градот Аварис, главен град на династијата Хикси во Египет.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *