Култура
shomrahi

Почнуваат интернационалните студентски средби „Скомрахи“

Утре, со почеток нво 20 часот, на сцената на Драмски театар, Интернационалните студентски средби „Скомрахи“ ќе ги отвори претставата „Сината соба“ во изведба на студенти во класата на професор Златко Славенски.

Во наредните пет дена, поточно до 10 ноември, на студентските средби ќе се претстават девет академии од Балканот и од Западна Европа, со 9 претстави, 12 филмски проекции, три работилници, а во офф-програмата се вклучени музички бендови и изложби.

„Скомрахи“ за прв пат се одржани во 1988 година како потреба за комуникација и размена на искуства и знаења со други академии и факултети. Исто така, преку „Скомрахи“ се афирмира и културата, се афирмираат млади автори и изведувачи, се остваруваат контакти, се договара соработка на проекти. По распаѓањето на Југославија, идејата прераснува за собирање на студенти од цела Европа.

Досега , на „Скомрахи“ во текот на изминатите 27 години, зеле учество повеќе од 25 академии и факултети од Белград, Ташкент, Носи Сад, Лоѓ, Букурешт, Цетиње, Љубљана, Истанбул, Варшава, Прага, Приштина, Тирана, Сараево, Киев, Глазгов, Братислава, Грав, Вроцлав, Амстердам, Тргу Муреш, Загреб, Солун.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *