Култура
creative europe promocija

Промоција на потпрограмата Медиа на Креативна Европа

Главниот фокус на Инфоденот беше одржан денес во ЕУ Инфоцентарот. Акцентото беше ставен на прoмоцијата на акциите од потпрограмата Медиа чии повици за аплицирање се во тек, и тоа: развој на проекти (крајни рокови за аплицирање се 19 ноември 2015 и 24 април 2016 година) и ТВ-прикажување (крајни рокови за аплицирање се 3 декември 2015 и 26 мај 2016 година).

Сабина Бришки од канцеларијата за Креативна Европа/потпрограма Медиа на Република Словенија истакна дека потпрограмата Медиа на Креативна Европа е наменета за аудиовизуелната индустрија и најголем aкцент е ставен на независните продуценти кои своите филмови ги развиваат на филмските фестивали, на дистрибутерите, на организациите кои работат на развој на публиката, односно оние што работат со младите и ги учат за филмот и разни други организации кои се обидуваат да работат едукациски програми за аудиовизуелни професионалци.

Директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија Дарко Башески рече дека Македонија од јули е членка на потпрограмата Медиа во програмата Креативна Европа и се отвораат првите конкурси достапни за нас за следната година, така што заедно со Министерството за култура го организираaт овој прв Инфоден за да се информираат филмаџиите, продуцентите и другите заинтересирани за оваа потпрограма, за конкурсите кои се во тек, како се аплицира и како може да се пристапи до овие фондови.

Орхидеја Каљошевска, државен советник во Секретаријатот за европски прашања, рече дека е изготвена брошура во која се опфатени сите програми на ЕУ што може да ги користи Македонија, има кус опис на програмите, област, надлежни институции кои се задолжени, веб-страници, како и контакти со министерства.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *