Култура

Гласоечко машко пеење од Долни Полог впишано во листата на УНЕСКО

Министерството за култура, успешно го впиша гласоечкото машко двогласно пеење од Долни Полог, Тетовско, во листата на УНЕСКО на 10. седница на Меѓувладиниот комитет на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство на човештвото која се одржува од 30 ноември до 5 декември во Намибија.

„Гласоечко“ е трето културно добро кое Република Македонија за многу кратко време го впиша во листата на заштитени добра на УНЕСКО. Пред две години беше впишано  првото културно добро, уникатниот верски обичај од Штипско, „Четрсе“.

Гласоечко, машко двогласно пеење од Долни Полог“, е традиционална форма на вокална музика специфична за овој регион. Ова карактеристично полифоно пеење, кое со генерации се пренесува усно, се препознава како симбол на културниот идентитет на македонскиот народ од овој регион кој токму во гласоечките песни ги вградил својата историја, митологија, традиција и култура. Задоволство и чест е што на овој состанок, од осумте предложени добра за впишување на оваа листа, Република Македонија се најде во четирите прифатени и впишани добра со што и перспективно се отвораат можности за финансиска поддршка од УНЕСКО за негова понатамошна заштита и афирмација на домашно и на меѓународно ниво.

„Гласоечко“ е трето културно добро кое Република Македонија за многу кратко време го впиша во листата на заштитени добра на УНЕСКО. Пред две години го впиша првото културно добро, уникатниот верски обичај од Штипско, „Четрсе“. На репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, а минатата година и македонското оро „Копачка“.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *