Култура
izlozba luvr

Кашавелски е добитник на златен медал на изложба во Лувр

Златниот медал беше доделен на годишната изложба “Salon des Beaux Arts” во организација на Националното здружение на ликовни уметници на Франција.

Изложбата има долгогодишна традиција, вели Кашавелски, и се одржува во престижниот Музеј Лувр во Париз и тоа од подоцнежните години на 19 -тиот век.

Годинешниот Салон на убавите уметности се одржа во суператрактивниот изложбен дел, т.е под Стаклената пирамида во Лувр, и тоа од 17 до 20 декември. Ова година учестуваа околу 600 – тини уметници од целиот свет во секции сликарство, скулптура, гравура, фотографија и илустрација. Во Карусел салите под Стаклената пирамида на Лувр беа изложени 350 слики од исто толку автори од сите континенти, 50 скулптури, како и околу двесте фотографии, гравури и илистрации, вели Кашавелски.

За Кашавелски,  самото учество на изложбата претставува привилегија.

–  Поканата дојде откако го освоив златниот медал на Зимскиот салон во Grand Pale во Париз минатата година. Искрено ја очекував ова награда, но признавам дека многу ме израдува и ми дојде како еден убав и инспиративен блесок.

Кашавелски во моментот се подготвува за уште една престижна манифестација, а станува збор за Изложба на портрети во Националната галерија во Лондон, откако во изминатите години, неговата творечка работа му донесе бронзен медал на одржаниот Зимски салон во Париз 2012 година, како и сребрен медал во 2013.

Академскиот сликар по потекло од Куманово е истотака добитник на наградата “Димитар Кондовски” на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.

Tекстот е преземен од „Кумановски муабети“

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *