Култура
google-search

Ламар Одом и Париз најпребарувани на „Гугл“

„Гугл“ секоја година овој месец веќе 15 години по ред, ја објавува листата на темите и личностите кои ја обележале годината според бројот на пребарувањата. Иако „Гугл“ е најпопуларен пребарувач во светот, сепак овие податоци треба да се земат како резерва бидејќи земјите Кина, Русија и Јапан повеќе користат други пребарувачи.

Кошаркашот Ламар Одом и терористичките напади во Париз биле најбараните појмови на Гугл“ во текот на 2015 година на светско ниво, ги соопшти според компанијата којашто секоја година ја објавува оваа листа.

Одом во октомври годинава е пронајден без свест на подот на една јавна куќа во Невада. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс падна во кома бидјеќи користел алкохол, кокаин и сексуални стимуланси. За Одом пројавија интерес и оние кои не се љубители на спортот бидејќи тој во 2009 година беше оженет за “ријалити” ѕвездата Клои Кардашијан.

Париз го шпгодија два терористички напади: првиот на сатиричниот весник „Шарло Ебдо“ во јануари и на 13 ноември кога на неколку локации во Париз се сличија терористички напади. По нападите од 13 ноември, на „Гугл“ се забелеѓани најмногу пребарувања за овој град – 900 милиони. Луѓето од целиот свет преку „Гугл“ се интересирале за нападите. Големо интересирање пројавил и ураганот Патриша, кој го погоди централниот дел на Америка и земјотресот во Непал во април, кога под рушевините настрадаа 9000 луѓе.

Од популарната култура најмногу пребарувања, повече од 155 милиони имал филмот „војна на звездите“ пред неговата светска премиера.

Трагедиите привлекуваат најмногу пребарувања на интернет, бидејќи минатата година најбарана тема беше самоубиството на актерот Робин Вилијамс.

Кога станува збор за јавните личности голем интерес привлекле шампионка во рвање  Ронда Руси, како и Кејтлин Џенер, поранешниот дедо на Ламар Одом, кој годинава го промени полот.

Доналс Трамп, и покрај неговите шокантни изјави во председателската кампања што ја води за претстадетл на САД, се наоѓа на седмото место на најбарани личности по пејачката Адел, глу,ецот Чарли Шин и глумицата Рубо Роуз.

Автор:

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *