Култура
nov-kulturen-centar

Отворен нов културен центар во Кино Култура

Новиот културен проект  “Кино Култура“  на  “Театарот на Навигаторот Цветко“ и “Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата“, ќе биде отворен утре, 23 декември, со претставата „Ајнштајновите соништа“ во режија на Слободан Унковски.

Кино Култура е резултат на една иницијатива што трае подолго време. На старото кино Култура што е градено во 30-тите години на минатиот век сега му се менува функцијата во еден мултифункционален, мулти уметнички, каде што ќе се развиваат разни активности, во областа на изведувачките уметноси и во другите облици на културата. Ова кино беше затворено во изминатите 15 години. Сега е направена комплетно нова конструкција на сцената и на гледалиштето која што се разликува од другите театри во Скопје. Сцената е на исто ниво со гледалиштето и е погодна за модерен, современ пристап во работата на театарот. Ова е обид во последните 20 години да направиме ваков простор, и многу ми е мило што дојдовме до оваа фаза, рече режисерот Слободан Унковски. Реновираниот простор содржи гледалиште со 180 седишта, сцена со димензии 10 на 10 метри, сали за проби Согласно со современите потреби, сцената е на исто ниво со публиката, а предноста на просторот е во тоа што брзо се менува и е достапен за повеќе активности. Просторот ’Кино Култура’ не е целосно завршен, бидејќи треба да се обнови салата за проби, а треба да се обезбедат и кино-проектор., рече Слободан Унковски, уметничкиот директор на „Театарот на навигаторот Цветко“. Тој додаде дека со сегашната генерација на уметници која во моментов пали и жари,  во изминатите 20 години се носеле со идејата да се направи ваков простор и сцена што ќе може да функционира независно. Репертоарот нема да биде под влијание на Министерството за култура, но ќе земат учество на сите конкурси и фондови за култура, вклучувајќи ги и оние на Министерството. Директор на ’Кино Култура’ ќе биде режисерот Александар Поповски“

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски рече дека за него, за советниците и за вработените е огромна чест што поддржуваат ваков проект и дека овој нов културен центар не е значаен само за граѓаните на Општина Центар, туку и за Скопје и за државата.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *