Култура

Бегалската криза стана и негова приказна: Роберт Атанасовски

Бегалската криза стана и негова приказна: вели Роберт Атанасовски, македонски фоторепортер, дописник на новинската агенција Франс-Прес (AFP) во интервјуто за Ал Језеира (Aljazeera). (http://balkans.aljazeera.net/vijesti/danju-fotografise-izbjeglice-nocu-sanja-njihovu-tragediju)

Неговите фотографии се најдоа на највлијателните светски весници и медиуми како што се,  New York Times,GuardianWashington PostThe TimesLe Figaro и Daily Mail .

Документирањето на овие човечки судбини и трагедии е неговиот најголем предизвик во неговата 20-годишна професионална кариера.  Секое поглавје е дел од еден филм: одење по пруги, патување на велосипеди и со возови, спиење во кампови полни со вода и кал, се до сегашната состојба на затворени граници и напнатоста и незвесноста што настапи потоа, вели Атанасовски во интервјуто.

Неговата прва фотографија настанала на пругата во близина на Велес, минатата година во април. Почнал да ги бара бегалците низ земјава, бидејќи на почетокот на бегалската криза тие се движеа илегално. Еднаш или два пати во неделата одел од Велес конј Демир Капија и наидувал на се поголеми групи, со бројка од 50 до 100-тина луѓе. Тогаш сфатил дека состојбата е сериозна и дека низ Македонија поминуваат повеќе од 100 луѓе дневно.

  • Од јуни минатат година почнаа да доаѓаат масовно. По 200-300 луѓе кои се обидуваа да влезат во возовите за да го скратат патот. Не беа пуштани. Тогаш стануваше трауматично и мачно да се гледаат, како цели семејства, дојдени со две торби и едно ќебе, тргнале на пат на којшто не знаат што ги чека.
  • Откако им беше допуштено легално да патуваат со воз, настана хаос. Секој сакаше да влезе во возот а не постоеше ред. Секој ден се случуваше по некоја драма – од тепачки до спиење на станица. После летото, сето тоа почна да личи на човечка и хуманитарна катастрофа и ми стана тешко да ги фотографирам. “Почнав да се поврзувам емотивно и да сочувствувам со нив, а стануваше се полошо и полошо.
  • Секоја фотографија треба да биде технички беспрекорна, да содржи информација, но без емотивниот момент, без она светло во зеница, фотографијата не може да биоде добра. Длабоко сочувствувам со овие луѓе. Се чувствувам како 20 години да сум живеел со нив. Знам кои им се обичаите, што размислуваат, но и дека се нормални и цивилизирани, дека се исти како нас, вели Атанасовски.
  • Адреналинот прави во одреден момент да не мислиш на опасноста во интерес да се направи добра фотографија.
  • Да бидам искрен, последните три-четири месеци, постојано ги сонувам овие луѓе. Уште влечам некои трауми од целата ситуација. Секоја ноќ сонувам граници ии бегалци. Особено сега кога сум во кампот „Идомени“. Соновите ми се обновуваат уште поинтензивно, секоја ноќ.
  • Фотографијата, во однос на она што беше на почетокот на независното македонско новинарство во 90-тите години, кога се натпреварувавме кој ќе направи најдобра фотографија, денес таа е ставена на маргините, се става во контекст на политичка манипулација. Сега имаме две страни за СЕ. На пример имаме протест од 10 илјади  луѓе, но едните ставаат фотографија со 10 илјади луѓе, други со 100-тина луѓе од ист настан. Едните зборуваат дека се борат за демократија а другите им порачуваат дека се фашисти и обратно. Не е вистинско време и нема вистински реален терен за вистински информации каде може да се пласира фотографија, се е политички одредено и обоено.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *