Култура

Европскиот театар го дистигна зенитот со појавата на Шекспир

На денешен ден, 23 април, се навршуваат 400 години, од смртта на еден од најголемите англиски поети и драмски писатели, кој според повеќе различни извори, се смета за најголем писател на англиски јазик и драматург со светски глас. Датумот на неговото раѓање е непознат, но се знае дека бил крстен на 26 април, 1564 година,  а умрел на 23 април 1616 година.

По тој повод , вечерва во 19,30 часот во Паркот на поезијата ќе биде изведен перформанс со наслов „Шекспир денес“ од студентите на катедрата за англиски јазик и книжевност „Блаже Конески“ во Скопје.

Шекспир бил нарекуван со најубави зборови од страна на современиците: слаткоречив, златоуст, милозвучен, драг, љубен. Неговото родно место Стратфорд е претворено во музеј на Шекспир и на театарската уметност. Таму се наоѓа гробот на Шекспир, театарот на Шекспир, библиотека со име на Шекспир. Улиците го носат неговото име, собите во хотелот се наречени по драмите на Шекспир, во училиштето се чува клупата во која седел Вилијам Шекспир. Тој е  најистакнат поет и драмски писател во епохата на ренесанса во Англија. Иако се поминати четири века од времето кога живеел Шекспир, тоа воопшто не ја намалило вредноста а ниту актуелноста на неговото дело. Од времето кога Шекспир станал познат па се до денес неговите драми се играни и толкувани. Идеал на многу глумци бил и ќе остане да го играат Шекспир, да се најдат во некои од многубројните ликови во неговите дела. Со појавата на Шекспир европскиот театар го дистигна зенитот, неговата класика.

Шекспир многу добро го познавал човекот, во сите негови маснифестации на човечноста: радост и тага, љубов и омраза, искреност и дволичност, благоста и немилосрдноста, скромност и алчност. Преку неговите дела Шекспир се докажува како голем психолог и моралист, извонреден познавач на човековата душа.

Шекспир целосно се посветил на театарот, бил член на театарски дружини, ги адаптирал за театар старите драмски текстови, многу долго бил глумец, режирал претстави и пишувал ороганални драмски текстови, со еден збор бил театарски човек.  Во 20-годишната творечка работа напишал книга со 154 сонети, две наративни поеми и 36 драми. Најголемиот опус Шекспир го напишал помеѓу годините 1590 и 1613. Неговите први дела се главно комедии и историја, родови кои тој ги издигнал до совршенство до крајот на 16 век. Потоа пишувал трагедии до некаде 1608 година. Во овој период настанале „Хамлет“, „Крал Лир“ „Магбет“ театарски телстови кои се вбројуваат во најдобри театарски текстови на англиски јазик. Во неговиот подоцнежен периоднегови драмски дела пишувал трагикомедии и соработувал со останатите драмски писатели. Многу од неговите дела биле објавени уште за време на неговиот живот во изданија со различен квалитет и точност. Во 1623 двајца негови колеги објавиле „Први Фолио“, збирка на негови драмски дела каде биле сместени сите освен две драми кои подоцна почнале да се нарекуваат Шекспирови.

Иако Шекспир бил угледен поет и театарски писател уште за време на неговиот живот, сепак неговата репутација ги достигна денешните размери по 19-тиот век.

На неговиот гроб пишува: “По мудрост Нестор, по генијалноста Сократ, по ученоста Вергилије. Земјата покрива, народот тагува, а Олимп го поседува“.

Десет најпознати цитати на Вилијам Шекспир во неговите дела:

Hamlet

Henri 5

Kral Lir

Magbet

Midsumer

Night dream

p02pthzr

Sekspir

Слични статии