Култура

„Лазар“ премиерно на 19.Скопски филмски фестивал

Вечерва, на 19. Скопје филм фестивал, во киното „Милениум“ ќе биде прикажан играниот филм „Лазар“, работен по сценарио и во режија на Светозар Ристовски. Филмот премиерно во Македонија беше прикажан  во септември Битола на ИФФК „Браќа Манаки“, а вечерва ќе има можност да го види и скопската публика.

Во филмот, кој раскажува за илегален транспорт на мигранти и бегалци, играат македонските актери Наташа Петровиќ и Дејан Лилиќ, и од Бугарија – Красимира Кузанова и Александар Сано.

Откако таткото на Лазар го напушта семејството, тој мора брзо да порасне и почнува да се занимава со шверцување мигранти преку грчко-македонската граница. Но се ќе се промени кога ќе се вљуби во Катерина и ќе реши да го напушти светот на криминалот. Режисерот Ристовски го сними филмот по 11 години пауза од неговиот претходен филм  „Илузија“. „Лазар“ е копродукција на Македонија, Хрватска, Бугарија и на Франција, а досега учествуваваше и на фестивалите „CinEast Film Festival“ и „Santa Barbara International Film Festival“.

Програма на Скопје филм фестивал за 25 април:

16,00 часот Милениум

„ЗАКОНОТ НА ЖЕЛБАТА“ – Режија: Pedro Almodovar

Улоги: Antonio Banderas, Carmen Maura, Eusebio Poncela, Miguel Molina, Rossy de Palma, Victoria Abril

Земја: Spain

Времетраење: 102 мин.

„Законот на желбата“ се смета за прв експлицитен геј-филм на Алмодовар, кој се фокусира на комплексниот љубовен триаголник меѓу тројца мажи и ги испитува начините на кои општеството ги потиснува вистинските желби на индивидуата со трагични последици.

18,30 часот Милениум

„КЛАН/THE CLAN“ – Режија: Pablo Trapero

Улоги: Guillermo Francella, Peter Lanzani, Lili Popovich

Земја: Argentina/Spain, времетраење: 108 мин.

„Исчезнатите“, los desaparecidos, збор што во Аргентина има посебно значење. Долго поврзуван со злосторствата на воената хунта од 1970 година, овој термин во рацете на режисерот Пабло Траперо вклучува поинакво, но не помалку застрашувачко значење. Тој го зема случајот што е толку вознемирувачки и за кој многумина одбиле да поверуваат дека е возможен и го прераскажува до згрозувачки детали од гледна точка на извршителите на злосторството. Заснован врз вистинска приказна што ја потресе Аргентина, филмот ни ја раскажува речиси неверојатната приказна за кланот Пучо, навидум нормално семејство од средната класа, кои од улиците киднапирале имотни луѓе, ги држеле жртвите за откуп и откако ќе им било платено, ги убивале.

20,00 часот Милениум

„ЛАЗАР“ – Режија: Svetozar Ristovski

Улоги: Vedran Zivolic, Natasa Petrovic, Goran Navojec, Dejan Lilic

Земја: Macedonia/Croatia/Bulgaria/France

Времетраење: 100 мин.

Македонија денес. Лазар работи како „мамка“ којa го одвлекува вниманието на полицијата и го надгледува префрлањето илегални емигранти преку границата со ЕУ. Интелигентен и дискретен, тој живее под заштита на локалниот гангстер и го издржува семејството со парите што ги заработува од префрлањето на бегалците. Се вљубува во младата студентка, туѓинка во неговиот свет и почнува да размислува да го смени животот.

22,00 часот Милениум

„РЈУЗО И СЕДУМТЕ СЛЕДБЕНИЦИ/ RYUZO AND THE SEVEN HENCHMEN“ – Режија: Takeshi Kitano

Улоги: Tatsuya Fuji, Ben Hiura, Kôjun Itô

Земја: Japan

Времетраење: 125 мин.

Последниот филм на Такеши Китано „Рјузо и седуммината следбеници“ ги спојува двата омилени филмски жанра на прочуениот режисер: комедијата и ганстерскиот трилер. Собирајќи поголем број постари актери од неговите претходни филмови, Такеши ги поставува неговите геријатриски протагонисти како група наспроти нивните помлади замени , но само заради комичен ефект. Оние што очекуваат дека стариот мајстор го направил овој филм како љубовно писмо за племенитоста на старинската јакуза ќе ги дочека непријатно изненадување. “Рјузо и неговите седум следбеници” е преполн со шеги, некои пресмешни, повеќето забавни, а некои и безобразно засрамувачки.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *