Култура

Не сите медиумски куќи во светот беа заинтересирани да ја видат Палмира по нејзиното ослободување од ИСИС

Голем број новинари ја имаа ексклузивната можност да го посетат сирискиот антички град Палмира, откако сириските копнени сили помогнати од руските воени авиони  го ослободија од терористичката војска на ИСИС.

Оваа ексклузивна можност, којашто беше организирана од руската војска, ја искористија новинари од 11 земји, (Германија, Србија, Кина, Италија, Белгија…) но ниту еден новинар од американските медиуми не се најде во оваа група на луѓе од седмата сила, којашто беше префрлена со руски воени хелихоптери од базата Кеимим (Khmeimim) што се наоѓа во западна Сирија до градот Палмира.

nov vo Palmira2

Новинарите имаа можност да го видат оштетувањето на овој антички повеќевековен меѓународен центар за трговија од кој голем дел е разрушен од страна на ИСИС додека беше под негова контрола. Странските новинари имале можност да поразговараат и со локалното население и со руските инжинери кои работат на вадење на поставените мини од страна на ИСИС.

Националниот музеј во Палмира е комплетно иништен а дел од експонатите се уништени или однесени надвор од Сирија. Триумфалната капија беше дигната во воздух и се е уништено што имало врска со било какви религиозни вредности.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *