Култура

Засадете го вашето дрво на Денот на планетата Земја

Денот на планетата земја се одбележува секоја година на 22 април и го означува раѓањето на модерното еколошко движење од 1970 година.

Идејата за одбележување на овој ден потекнува од американскиот сенатор Gaylorda Nelsona, по еколошката катастрофа во 1969 година кога беше излеана нафтата во Калифорнија.

Следната година почна да се буди свеста за потребата за зачувување на околината која, со развојот на индустријата, стануваше се позагрозена.

Граѓаните на САД, организираа милионски поворки со цел да го предупредат светот за проблемите што ги носи индустријализацијата и уништувањето на природата. Оваа година акцентот на одбележувањето на овој ден е ставен на зачувување на дрвото и пошумувањето. Една од водечките организации која ја буди свеста за зачувување на околината е  Мрежата на Денот на планетата Земја. Мисијата на оваа организација е да се прошири свеста за зачувување на околината во сите делови на светот. Целта е да се создаде одржлива околина, да се разбуди свеста за климатските промени  и Земјата да се заштити и сочува за идните генерации.

Темата на годинешното 46 одбележување на Денот на нашата планета е „Дрвјата за Земјата“.

  • Дрвјата помагаат во борбата против климатските промени, го впива вишокот на јаглерод диоксид од атмосферата.
  • Дрвјата го прочистуваат воздухот кој го вдишуваме, ги впива мирисите и штетните плинови, ги филтрира честичките од воздухот така што ги апсорбира во листовите и во кората од стеблата. Токму она што најмногу му е потребно на Скопје, град кој е на врвот на светската листа по загаденост со енормно присуство на ПМ честички во воздухот.
  • Дрвјата користат на целата заедница, придонесува за економска и еколошка одржливост.

Во масовното сечеше на шумите на Земјата, годишно се губат 15 МИЛИЈАРДИ стебла. Во 2020 година се наближува 50 јубилеен роденден на овој Меѓународен ден, и Мрежата на Денот на дрвото покрена една мошне амбициозна иницијатива: садење на 7,8 МИЛИЈАРДИ стебла во текот на следните 5 години.

Предноста на дрвјата не е само кислородот што е  услов за нашето живеење. Стеблата со своите корени продираат во почвата и го помагаат развојот на екосоставот и развојот на животинскиот свет кои во него опстануваат.

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *