Култура

„ Молитва за Палмира“ – концерт на руската филхармонија во разрушениот древен град во Сирија

Концертот се одржа вчера, ( 5 мај), во просторот на античкиот театар, едно од спомениците кои останаа неразрушени во Палмира. „Молитва за Палмира – музиката може да ги воздигне рушевините“  беше  насловот на концертот под диригентство на познатиот руски диригент Валериј Гергиев. Рускиот симфониски оркестар настапи на едно уникатно место, кое е симбол на човековата цивилизација, таму каде се создавала и градела, а за малку од повеќе милениуми во потполност ќе го изгубевме.

 

 

Палмира одамна престана да биде само римски споменик. Овој град кој бил изграден на Патот на свилата, стана дел од сите нас, дел од светската заедничка историја, култура и цивилизација.
ИСИС со својата војна и потези ја надмина бруталноста, Ал Каеда сега се смета за умерена споредена со војниците на ИСИС. Но, би било крајно претенциозно ако сметаме дека ИСИС е резултат на примитивизам и екстремизам роден сам од себе. Напротив, листата на формирачи на ИСИС е поголема а со тоа и бројката на виновниците за рушењето на Палмира е малку поголема.

isis3

 

ИСИС разрушија значителен дел од Палмира. Ако се случеше офанзивата на руско-сириската војска десетина дена подоцна, веројатно денес немаше да остане ништо од Палмира. Беше тоа борба со времето, во кое одлучуваа часови, а сириската војска влезе во овој тајминг во градот.
Концертот за Палмира беше одржан во знак на оние кои го дадоа животот борејќи се да го ослободат градот од терористите. Беа изведени дела од познати композитори: Сергеј Прокофјев, Јохан Себастијан Бах, Родион Шедрин а на сцената се појавија познатите изведувачи Сергеј Ролдугин-челист и Павел Мијуков на виолина.
Борбата продолжува, за светлината, за прогресот а не за назадни идеологии, за секуларизмот а не за религиски тоталитаризам. Принципите на оваа борба треба на сите да им станат јасни и да почнат да делуваат како една заедничка цел. Спомениците на нашата култута и историја не треба никогаш повеќе да станат средство на остварување на тесни геополитички цели.

28.3.palmira

 Дел од нашето цивилизациски дострел зборува дека не треба да жалиме за камења, туку за луѓето кои, според проценката, во сириската војна, бројката на загинати е половина милион загинати луѓе. А знаеме дека во војните бројката на загинати е најголема меѓу оние што не војуваат, на најневините, жените и децата. Секако тука се и милион раселени луѓе на кои животот им стана кошмар поради оваа војна.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *