Култура

Натпревар за мини видеа на тема „Слобода на изразување“

Францускиот институт во Скопје, во соработка со асоцијацијата Метаморфозис и регионот Нормандија, го организира второто издание на конкурсот „моето мини-видео“.

Конкурсот е отворен за младите од 18 до 28 години (по можност франкофони или англофони), кои се интересираат за мултимедијалната сфера (потребно е да имаат смартфон со камера). Кандидатите треба да имаат желба слободно да го изразат нивното мислење на конкретна актуелна тема, годинава на тема слобода на изразување.

Најуспешните мини-видеа (3 мин.) ќе бидат прикажани на новото издание на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи од 15 до 18 јуни 2016 година.

Победникот на конкурсот ќе биде гостин на фестивалот Off-Court  во ТрувилНормандија, а воедно ќе добие и подготвителни часови по француски јазик од Францускиот институт во Скопје.

Две подготвителни работилници ќе се одржат на 12 и 13 мај 2016 г., а се наменети за селектираните 15 кандидати со цел да им се дадат упатства за пишување сценарио, за технички совети и практична реализација на видеото.
Можни работни јазици: француски, македонски, албански и англиски.

Формуларот за учество на конкурсот и на подготвителните работилници треба да се испрати на на следната мејл адреса: culture@ifs.mk најдоцна до 6 мај 2016 година. Кандидатите, коишто имаат желба директно да земат учество во видео-натпреварот, потребно е триминутното видео да го прикачат на YouTube и да го испратат линкот на culture@ifs.mk најдоцна до 30 мај 2016 год., заедно со име и презиме на учесникот, возраст, број на телефон и е-маил адреса.

Автор:

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *