Култура

Бугарската претстава „Автобус“ ќе го отвори фестивалот „Гола месечина“

Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ вечерва, понеделник, 20 јуни, во Спортскиот центар Ново Лисиче во општина Аеродром, ќе биде отворен со претставата „Автобус“ во изведба на ансамблот од Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија на Станислав Стратиев во режија на Здравко Митков.

Приказната се однесува на  деветмина патницикои  патуваат во градски автобус кој одеднаш скршнува од својата рута. Патниците сфаќаат дека никогаш нема да стигнат на посакуваната дестинација. Во својот страв, паника и терор тие се претвораат во агресивна маса. . Авторот Стратиев е еден од најголемите сатиричари на бугарската драма и литература. Драмата „Автобус“ е напишана во 1980 година . Улогите во претставата ги играат: Тончо Токмачиев, Александра Сарчаджиева, Мартина Вачкова, Михаил Сарвански, Красимир Куцупаров, Светломир Радев, Петар Ладжев.

На годинашното издание на фестивалот „Гола месечина“, планирани се  уште седум претстави, од домашна и странска продукција, Софија,  Ниш, Белград и Сараево.

Според најавената програма, на „Гола месечина“, наредната преетстава е на Народниот театар Сараево со претставата „Балкански шпион во Сараево“ од Душан Ковачевиќ во режија на Сулејман Кусуповиќ. На 23 јуни ќе настапи НТ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Хамлет од Горно Дупени“ од Иво Брешан во режија на Кирил Петрески, а на 24 јуни Белградскиот драмски театар ќе гостува со претставата „Елинг“ од Сајмонт Бент во режија на Марко Манојловиќ. Народниот театар од Охрид на 26 јуни ќе се претстави на „Гола месечина“ со „Парламентарки“ од Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов, а следниот ден Народниот театар од Ниш ќе гостува со претставата „Жорж Данден“ од Молиер во режија на Драгослав Савиќ.

Влезот за сите претстави е бесплатен. Фестивалот го организира Театар „Комедија“ заедно со Општина Аеродром и со поддршка на Министерството за култура

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *