Култура

Да комбинираме зелен превоз! Критична маса #50

Граѓанската иницијатива На Точак, вечерва,  29 јуни, го организира јубилејното 50-то колективно возење велосипед низ Скопје, чиј слоган гласи “Ѕрн ѕрн – чуф чуф – ѕрн ѕрн! Точак на автобус + точак во воз = Да комбинираме зелен превоз!”…

Bysicle

Почетокот на планираната рута е од Транспортен Центар, а ќе заврши со пикник на паркингот меѓу влезот на Кале и Музеј на современа уметност.

Како што истакнуваат од Граѓанската иницијатива НаТочак јавниот превоз и велосипедскиот може да функционираат како добра комбинација и алтернатива на автомобилот: јавниот превоз поради својата брзина, а велосипедскиот поради можноста за „превоз до врата“. Совршени партнери!

На средбата  помеѓу претставниците на ЈСП I и НаТочак, беше заклучено дека

Јавниот превоз и велосипедскиот може да функционираат како добра комбинација и алтернатива на автомобилот: јавниот превоз поради својата брзина, а велосипедскиот поради можноста за „превоз до врата“.

-Целни групи за комбинирање на превозот би биле:

  1. Граѓаните од приградски населби кои патуваат за работа, факултет итн. до Скопје кои би допатувале со автобус во Скопје и би го продолжиле патувањето со велосипед низ градот
  2. Граѓаните на Скопје кои живеат во зони кои не се на пешачко растојание од автобуските линии и поради тоа не ги користат, па би пристигнале со велосипед до соодветната автобуска станица од каде би го продолжиле патувањето со автобус.
  3. Граѓаните на Скопје, но и посетителите, туристите, кои со велосипед би ја продолжиле туристичката прошетка откако со автобус ќе стигнат до крајните дестинации (во насока кон Скопска Црна Гора, Катланово итн.)
    Комбинирањето на превозот е и во полза на јавниот превоз (зашто ќе ја зголеми достапноста до автобусите/возовите: место само пешки, ќе им се пристапува и со велосипед), во полза е и на велосипедскиот превоз (зашто ќе му ги продолжи прифатливите дистанци), на животната средина (зашто ќе се намалат штетните емисии поради зголемување на привлечноста на овие 2 превозни средства наспроти автомобилите), на туризмот (зашто ќе ја зголеми понудата за дестинации и искуства за туристите). Оваа идеја очекуваме да наиде на широка поддршка од сите институции и пошироката јавност.
    НаТочак се надеваат истиот пример да го следат и од Македонски железници.
    Иднината на транспортот е во комбинирањето, особено на одржливите типови: јавен превоз, автобуси, возови, велосипеди, велосипеди за изнајмување … Бараме поинаков пристап во транспортните политики“, велат од НаТочак, неформално здружение за урбан велосипедизам.

Слични статии

Напишете коментар

Вашата е-пошта адреса нема да биде прикажана во коментарите. Задолжителните полиња се означени со *